HomeАктуелноЦеновен шок на бензинските пумпи: Дизелот се приближува до рекордот од 2022 година

Ценовен шок на бензинските пумпи: Дизелот се приближува до рекордот од 2022 година

Цената на литар дизел во Хрватска достигна 1,80 евра, што е највисоко ниво годинава и само незначително пониско од рекордните 1,85 евра од мај 2022 година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Поскапе и бензинот, за седум центи, додека дизелот е поскап за девет центи.

Во стручната јавност се отвора и прашањето дали нарушувањата на меѓународниот пазар може да предизвикаат проблеми со снабдувањето, но хрватските нафтени експерти и ИНА уверуваат дека домашниот пазар има важна предност – Рафинеријата во Риека.

Нафтениот аналитичар и поранешен директор во ИНА, Давор Штерн, вели дека Риечката рафинерија може да го произведе целиот дизел што ѝ е потребен на Хрватска.

Според него, во кризна ситуација Владата би можела да размислува и за поинаков модел на формирање на цените, односно наместо целосно следење на берзанските цени, да се потпре на директното производство во домашната рафинерија.

„Имаме рафинерија во Риека која може да го произведе целиот дизел што ни е потребен“, вели Штерн.

Тој смета дека тоа би можело да биде особено важно за обезбедување дизел за домашниот пазар, вклучително и за земјоделството и рибарството.

Од ИНА, пак, претходно најавија зголемување на производството на дизел за околу 30 проценти.

Директорот за рафинерии и маркетинг во ИНА, Горан Плеше, изјави дека околу 80 проценти од хрватските потреби за дизел може да се задоволат од домашните производствени капацитети.

Тој дополнително посочи дека Рафинеријата во Риека работи со полн капацитет и дека засега не се планирани прекини во работата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.