HomeАктуелноЦИВИЛ бара итна и решителна акција: Максимална казна за силувачите, институционална помош за жртвите и превенција од сексуално насилство врз децата во иднина

ЦИВИЛ бара итна и решителна акција: Максимална казна за силувачите, институционална помош за жртвите и превенција од сексуално насилство врз децата во иднина

ЦИВИЛ изразува крајна згрозеност и осуда на монструозниот чин на родосквернавење врз сопствените синови, ќерки, браќа, малолетни роднини, откако надлежните институции објавија дека во еден ден се регистрирани дури четири случаи на силувани деца.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како организација, посветена на промоција и одбрана на човековите права и слободи, ЦИВИЛ бара од институциите итно и решително да реагираат и на жртвите на сексуалното насилство да им обезбедат целосна професионална, медицинска и психосоцијална помош, а воедно да преземе превентивни и безбедносни мерки, ваквите ужасни случаи да не се повторат во иднина.

Секое дете, без никаков исклучок, има право на достоинствен живот и да ги ужива сите права наведени во Декларацијата за правата на децата. Децата мора да ја уживаат посебната заштита обезбедена преку закони и други средства. Институциите и сите што се одговорни во нив, имаат законски обврски да ги спроведуваат сите закони и стандарди за почитување на правата на децата и нивна заштита и развој, потсетува ЦИВИЛ.

Државата и институциите имаат обврска на децата да им овозможат физички, ментален, духовен, морален и социјален развој, здрав и нормален начин на живот во услови на слобода и достоинство!
Воедно, во своето соопштение, ЦИВИЛ бара од правосудните органи да изречат максимални санкции на насилниците.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.