HomeАктуелноЦиклон носи обилни врнежи од дожд, ветер и снег на планините

Циклон носи обилни врнежи од дожд, ветер и снег на планините

Под влијание на циклонска активност, утре и во четврток во Северна Македонија се очекуваат врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, над 20 литри на метар квадратен, односно над 30 литри во четврток, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Поради продор на постудена воздушна маса, на повисоките места и планините дождот ќе преминува во снег. Утре и во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер, кој локално ќе достигнува брзина и над 70 километри на час.

Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, додека од недела се очекува стабилизација на времето и пораст на температурите.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.