HomeАктуелноЦрвен крст: Останаа уште неколку дена за пријавување на бесплатната обука за спасител на отворени води

Црвен крст: Останаа уште неколку дена за пријавување на бесплатната обука за спасител на отворени води

Уште неколку дена остануваат за пријавување на бесплатната обука за спасител на отворени води, која во организација на Црвен крст Охрид и под водство на национални инструктори за безбедност на вода ќе се реализира од 20-27 јуни 2022 година, информираат од охридскиот Црвен крст.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Додаваат дека сите оние млади, хумани луѓе кои се на возраст од 18 до 35 години и успешно ја завршат осумдневната обука за спасител на вода, ќе се стекнат со меѓународно признаен сертификат за спасител на вода и ќе бидат дел од Единицата за безбедност на вода при Црвен крст Охрид која се грижи за безбедност на корисниците на капалиштата на Охридското Езеро.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.