HomeАктуелноЦрн биланс пред стартот на „Сејф сити“: Еден загинат, двајца тешко повредени

Црн биланс пред стартот на „Сејф сити“: Еден загинат, двајца тешко повредени

Едно лице го загуби животот, а две се тешко повредени во три одделни сообраќајни несреќи што се случија во изминатите 24 часа на територијата на државата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Најтрагичната несреќа се случила вчера утрината на крстосница во скопската населба Автокоманда, каде 45-годишен возач починал откако со возилото излетал од коловозот. Тешки сообраќајни несреќи се регистрирани и во Кочани и на патниот правец кон Дебар.

Несреќите се случуваат во период кога државата ги финализира подготовките за пуштање во употреба на системот „Сејф сити“. Камерите ќе регистрираат брзо возење, поминување на црвено светло, управување со нерегистрирани возила и непрописно запирање и паркирање – прекршоци кои се меѓу најчестите причини за тешки сообраќајни трагедии.

Финалното тестирање на системот денеска се спроведе во Куманово и Тетово, при што биле утврдени минимални отстапувања кај камерите за мерење брзина. Со изгласаните законски измени, „Сејф сити“ ќе започне со работа од 1 февруари.

По регистриран прекршок, возачите ќе добиваат електронски прекршочен налог од МВР. Казните започнуваат од околу 1.200 денари, а за потешки прекршоци, како поминување на црвено или значително пречекорување на брзината, достигнуваат и до 400 евра.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.