HomeАктуелноЦУК: Во февруари имало вкупно 448 пожари на отворен простор

ЦУК: Во февруари имало вкупно 448 пожари на отворен простор

Од Центарот за управување со кризи денеска информираат дека во февруари заклучно со вчерашниот ден низ земјава имало вкупно 448 пожари на отворен простор.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што посочуваат, од вкупниот број на пожари, во 256 случаи гореле стрништа и висока трева, во 128 пожари ниска вегетација (грмушки, ниска и деградирана вегетација) и 42 биле шумски пожари. Во февруари имало и 22 пожари во депонии.

Од ЦУК соопштуваат дека состојбата е слична и во соседна Србија каде, како што велат, има невообичаено голем број на пожари на отворено за овој период од годината.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.