HomeАктуелноЦУК: Последново деноноќие 20 активни пожари на ниво на Македонија

ЦУК: Последново деноноќие 20 активни пожари на ниво на Македонија

Во последното деноноќие (31.07/01.08), согласно информациите во ЦУК, пожари на отворен простор имало вкупно 20, од коишто 19 биле пожари на отворен простор на ниска вегетација и еден пожар на шума во Неготинско, на 50 метри од стариот пожар. Во моментот, утрово, нема пријава за активен пожар.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според податоците пожари имало во регионите на местата во: Скопје 3, Битола 2, Прилеп 2, Крушево 1, Струмица 3, Радовиш 2, Гевгелија 1, Штип 1, Куманово 2, Велес 1, Неготино 1, Свети Николе 1. Согласно извештаите на регионалните центри на ЦУК во државата во последното деноноќие (31.07/01.08): Регионалниот РЦУК Скопје, ја пренесува информацијата од БППЗ на Град Скопје, во која се наведува дека од 20:00 до 21:00 часот со 1пп возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на ул.Самоилова.

– Во период од 20:10 до 22:45 часот со 1пп возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Кондово (Општина Сарај).Во изминатите дениноќе имале уште две помали интервенци во .Бојане и Депонија – Вардариште. РЦУК Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Битола во која се наведува дека во период од 17:45 до 18:25 часот со 1пп возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с. Брусник на патот кон хотел Чифлик. ТППЕ Битола, во период од 18:50 до 19:30 часот со 1пп возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на ул.Јонче Мурџевски. ТППЕ Прилеп, во период од 11:08 до 15:13 часот со 1пп возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена стрниште помеѓу с. Лажани и с. Житоше. ТППЕ Прилеп, во период од 18:42 до 19:55 часот со 1пп возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште во атарот на с.Беровци.Во изминатите дениноќие ТППЕ Прилеп имале уште една помала интервенција. ТППЕ Крушево,известува дека во период од 11:30 до 12:30 часот подружница ,,Липа“ на ЈП „Национални шуми“ со 3 вработени со 1 возило интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Борино. Зафатена површина од 0,1 ха. РЦУК Струмица, ја пренесува информавијата од ТППЕ Струмица во која се наведува дека во период од 13:20 до 14:15 часот со 2 пп возила и 5 пожарникари интервенирале на запалена стрниште од излез на с. Босилово према с.Еднокуќево (Општина Босилово). -Во период од 15:20 до 16:10 часот со 1пп возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и депонија на атарот с. Сарај ( Општина Босилово).

-Во период од 14:10 до 16:02 часот со 1ппвозило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација , губре, земјоделски отпад, пластични отпад и најлон кај депонија с. Муртино. ТППЕ Гевгелија, во период од 14:37 до 15:00 часот, со 1пп возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и лендрите помеѓу двете коловозни ленти пред с. Прдејци на автопатот Гевгелија –Скопје. ТППЕ Радовиш. во период од 14:22 до 17:20 часот, со 2пп возила и 5 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, отпадоци и сушара со 400 низи тутун, на депонијата кај Радовиш.

-Во период од 17:20 до 20:00 часот со 4пп возила, 11 пожарникари и 2 возила од ЈП Плаваја Радовиш интервенирале на запалена ниска вегетација кај индустриска зона Радовиш. РЦУК- Штип, ја пренесува информацијата до ТППЕ Берово во која се наведува дека во период од 12:30 до 18:30 часот, со 2 ПП возила и 4 пожарникари , доброволно друштво ДПД Пехчево со 2 возила со 5 доброволци како и од ШС Равна река Пехчево со 5 вработени интервенирале на запалена плевна во која имало сместено бали сено во с.Црник (Општина Пехчево).

РЦУК – Куманово, ја пренесува информација од ТППЕ Куманово, во која се наведува дека во период од 14:45 до 16:30 часот со 1пп возило и 3 пожарникари интервенирале на запалено ѓубре во с.Слупчане.

-Во период од 16:40 до 18:15 часот, ТППЕ Куманово со 1пп возило и 4 пожарникари и ТППЕ Старо Нагоричани со 1пп возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Стрновац. РЦУК – Велес, ја пренесува инормацијата од ТППЕ Велес во која се наведува дека во период од 16:35 до 19:30 часот со 4пп возила и 13 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, трња и грмушки во с. Отовица (Општина Велес). ТППЕ Неготино, во период од 10:30 до 12:00 часот 2 ПП возила, 1 ПП возило од ЈП Комуналец Неготино, 2 вработени со 1 возило од ЈП Национални шуми-подружницаа единица „Бор – Кавадарци“ интервенирале на запалена борова шума во Гоцевата шума и тоа на место подалеку околу 20-ина до 50 местри од претходниот пожар. ТППЕ Свети Николе во период од 18:40 до 21:15 часот со 3 пожарникари со 1 ПП возило и дел од месното население интервенирале на запалено ниска вегетација и трња на 10 ха во с. Ќоселери во Општина Лозово.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.