HomeАктуелноЦУК со НАЈНОВИ информации за пожари на отворен простор во државава

ЦУК со НАЈНОВИ информации за пожари на отворен простор во државава

Во изминатотоо деноночие во земјава се регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои два се активни, три се под контрола, а 22 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Активни пожари има во Општина Маврово и Ростуше кај месноста Голем Брдаш каде што гори шума и во Општина Шуто Оризари – кај Визбегово, позади хотелот „New Star“, каде што е запалена депонија.

Пожари под контрола се пожарите во Општина Зелениково над с. Палиград – Преслап, во Општина Сарај – кај с. Копаница и во Општина Струга – кај селата Пискупштина, Буринец и Локов.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.