HomeАктуелноЦУК: 20 пожари на територија на Македонија во текот на вчерашниот ден

ЦУК: 20 пожари на територија на Македонија во текот на вчерашниот ден

Еден од најсериозните пожари вчера беше во близина на границата со Грција меѓу општините Дојран и Богданци.

Во текот на вчерашниот ден (31 август 2023 г.) на отворено имало 20 пожари и сите се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Еден од најопасните беше во близина на границата со Грција меѓу општините Дојран и Богданци каде гореше ниска и мешана шума. Ветрот на почетокот го отежнуваше гаснењето, а проблем беше што и тоа место било линија на фронтот во Првата светска војна па имаше и 20-тина експлозии од останати гранати од тој период.

Овој пожар избувна вчера околу пладне, а беше изгаснат вечерта околу 21 часот. Го гаснењето покрај пожарникарите кои беа на терен, учествуваа и авионите „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Останатите пожари вчера биле регистрирани во Општина Струмица, с.Просениково – с.Сарај (сува трева); – Општина Гази Баба, 2, нас. „Камник“ кон нас. „Железара“ (сува трева) и ул. „Зенден Џемаил“ кај Кванташки пазар (сува трева и грмушки); – Општина Студеничани, 2, с.Количани и с.Моране (сува трева); – Општина Сарај, с. Лубин (ниска вегатација); – Општина Струга, 2, с.Татеши и с.Ложани (стрништа); – Општина Прилеп, 4, с.Галичани, патот за Битола, фабриката „11 Октомври“ и над градинката „Гоце Делчев“ (стрниште и ниска вегетација); – Општина Битола, 2, Индустриски пат и помеѓу селата Беранци и Српци (сува трева); – Општина Штип, месноста Суитлак (сува трева); – Општина Гостивар, с.Србиново (сува трева); – Општина Желино, с.Церово (ниска вегетација); – Општина Долнени, селата Црнилиште и Долгаец (ниска вегетација) и во – Општина Липково, над с.Никуштак (каде што горела нискостеблеста шума).

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.