HomeАктуелноЧеститка од министерот Спасовски по повод празникот Рождество на Пресвета Боогородица

Честитка од министерот Спасовски по повод празникот Рождество на Пресвета Боогородица

Почитувани граѓани од православна вероисповед,

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Дозволете ми оттука, од манастирот „Света Богородица” во село Матејче, да ви го честитам големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, со желби за добро здравје и просперитет.

Денеска се радуваме на светата рожба од Назарет – плод на молитва, љубов и добри дела на благочестивите Јоаким и Ана. Божјата Мајка го подготви спасението на светот, како чисто, совршено битие и како средиште на
мајчинската љубов, со сето Божествено во себе за да се покаже љубовта Божја кон човекот.

Нека Божјата Мајка нѐ води по милостивиот пат, патот на трпението, вербата и љубовта.
Нека ги облагороди срцата на секој и нека помогне заедно да ги отфрлиме слабостите во нас за да продолжиме да  чекориме непоколебливо и со силна верба кон иднината.

За многу години Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица! – стои во честитката.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.