Четврти ден откако нема трага од 28 годишниот Мартин кој се води за исчезнат од саботата попладне кога беше понесен од морските струи на Халкидики. Потрагата продолжува и денес, по вода, воздух и копно се трага по исчезнатиот Мартин. Мајката на момчето вчаравечер пристигна од Америка во Солун, да се вклучи во потрагата по нејзиниот син. За грчките медиуми изјави дека имаат вера дека Мартин ќе биде пронајден.
„Тргнав од Америка да дојдам во Грција за да го пронајдам своето дете . Имам голема вознемиреност и исчекување. Им благодарам на сите што ни помагаат. И на властите и на волонтерите. Тимот на ОФКАТ е покрај нас од првиот момент и Им благодарам за тоа што го прават. Имаме вера“.
Двајцата пријатели на Мартин со кои заедно пливале во морето, а беа спасени, веќе се во добра здравствена состојба пренесува МИА. 25 годишниот Васил вчера бил пуштен од болницата на Халкидики, а 30 годишниот Иван кој беше 18 часа низ морските води, сеуште е хоспитализиран во Солун.
Спасувачката акција започна во саботата попладне, кога трите момчиња на плажата во Посиди влегле во морето, но откако се одалечиле од брегот, морските струи почнале да ги завлекуваат и не можеле да испливаат назад.
