HomeАктуелноЧетири интервенции на кумановските пожарникари во Куманово и Липково

Четири интервенции на кумановските пожарникари во Куманово и Липково

Kумановските пожарникари интервенирале на четири пожари во општините Куманово и Липково, информираа денеска од Регионалниот Центар за управување со кризи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сува трева и стрниште гореле во липковското село Ваксинце, пожарникарите интервенирале два часа од 19:30 до 21:20 часот. Претходно гаселе пожар, исто така во липковско на потегот  од село Отља кон село Матејче.

Во текот на денот, пожарникарите гаселе пожар на улицата „Доне Божинов“ во Куманово и во населбата „Перо Чичо“ во близина на репетитори на сува трева во претпладневните часови. На сите пожари дејствувала по една екипа со по едно противпожарно возило.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.