HomeАктуелноШест пожари изминатото деноноќие во Куманово

Шест пожари изминатото деноноќие во Куманово

Заштитен појас, багремова шума и сува трева горела, се запалил и кров на станбена зграда, вкупно шест пожари имало изминатото деноноќие на подрачјето на Куманово, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

 

Пожарникарите вчера гаселе трева во близина на бензинска пумпа помеѓу селата Табановце и Костурник, каде горела сува трева и багремова шума-заштитен појас, во периодот од 12:30 до 16:45ч во површина околу 50 хектар. Пожарникарите го гаселе со две возила и шестмина пожарникари.

Речиси во истиот период во близина на село Костурник, блиску до граничниот премин пожарникарите интервенирале на запалена сува трева д 16:20 до17:50часот. Сува трева горела и во населбата Бедиње од 19:50 до 20:27 часот.

 

– Интервенција на улица „Моша Пијаде“ на запалена кровна конструкција на станбена зграда во периодот од 20:45 до 21:30 ч. каде учествувале со едно противпожарно возило и пет пожарникари. Причината за избувнување на пожарот и материјална штета се непознати, информираат од РЦУК Куманово.

Пожари имало во селата Зебрњак и Речица каде била зафатена сува трева во ноќните часови по 23 часот и по полноќ.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.