HomeАктуелноШолц: Силно поддржувам постигнување договор за почеток на преговори на Северна Македонија и Албанија во ЕУ

Шолц: Силно поддржувам постигнување договор за почеток на преговори на Северна Македонија и Албанија во ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска за време на посетата на Софија изјави дека силно поддржува постигнување договор за започнување преговори за присоединување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, јави дописникот на МИА од Софија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Германија, истакна Шолц, разбира дека не е лесно да се надминат историските разлики меѓу соседните држави, но нејзиното искуство покажува дека е добро за сите кога ќе се надмине недовербата и ќе се изградат пријателски односи со соседите.

– Сметам дека има шанса да се постигне напредок. Ќе ја продолжиме дискусијата и размената меѓу нас до крајот на француското претседателство и се надевам дека ќе постигнеме напредок. Јас сум убеден дека заедно ние Европејците, носиме одговорност за ЕУ и за стабилноста на Балканот. Важно е да го искористиме процесот на проширување, рече Шолц на заедничката прес-конференција со Кирил Петков.

Петков, од своја страна, изјави дека дека Бугарија и Германија секогаш гледале на Западниот Балкан во насока на нивно присоединување кон ЕУ.

Бугарскиот премиер истакна дека владите на Бугарија и на Република Северна Македонија „продолжуваат да работат во таа насока при што бугарската Влада јасно ја иразила својата позиција за условите што треба да се исполнат за да продолжи евроинтеграцијата на Северна Македонија“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.