Јавното обвинителство не го затворило случајот на исчезнатата Марија Брзакова од струмичко Босилово.
Според информациите од основното јавно обвинителство дејствија по меѓународна правна помош се побарани и од неколку други држави и странски компании.
Марија Брзакова исчезна на 18-ти јануари 2020-тата година и цели три години нема напредок во потрагата по неа.
Тогаш 28 годишната млада мајка излегла од семејниот дом во Босилово во раните утрински часови, по тренерки и патики или влечки, а со себе немала ниту лични документи ниту мобилен телефон.
