Јавната дебата на тема: „Катна гаража – нова можност за Охрид“ во петок со почеток од 11 часот во Голема сала на општина Охрид.
Јавната дебата се имплементира од страна на Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“, во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи во државата“ поддржан од Владата на Швајцарската Конфедерација, а спроведуван од Меѓународната фондација на изборни системи (ИФЕС).
Шестмесечната иницијатива во рамки на горенаведениот проект е насловена како: „Граѓаните одблиску – катна гаража во Охрид“ која што ја имплементира Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“ – Охрид кој имено е и единствен грантист од подрачјето на општина Охрид, – велат од здружение „Инклузија“.

Целта на јавната дебата е дополнително запознаење на охридската јавност со едно од најекспонираните локални прашања изминатиов период, пренесувањето на најважните поенти, што на тој начин би се зацврстила и подлабочила релацијата помеѓу граѓаните и локалната самоуправа, што би резултирало со потранспарентна и поотчетна локална власт, што е предуслов за добро владеење и демократски развој.
Јавната дебата ќе се одржи на 31.03.2023 година (петок), со почеток од 11 часот, во Голема сала на општина Охрид, додаваат од Инклузија.
Агенда:

Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.
Е.Р