HomeАктуелноЈапонец осуден на две години затвор за кражба на 200 кг млад кромид

Јапонец осуден на две години затвор за кражба на 200 кг млад кромид

Суд во Јапонија денеска осуди човек за кражба на повеќе од 200 килограми млад кромид од својот сосед – земјоделец и соперник, откако рекордните летни горештини му го уништиле родот. Човекот, кој и се повлекол од земјоделството по кражбата, е осуден на казна затвор од две години, и суспензија од три години, пренесуваат тамошните медиуми.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Окружниот суд во Кјото ја оцени кражбата како „злонамерна“, а сѐ тоа се случувало во август и септември. Судиите не најдоа „никакви олеснителни околности“ во одлуката на осудениот да „краде од конкурент и да го надомести изгубениот приход предизвикан од неповолните временски услови“. Направената штета е во вредност од 200.000 јени (околу 1.300 долари), јави „Кансај ТВ“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.