Една компанија во Јапонија одлучи да им даде на непушачите подолга пауза од пушачите, за шест дена.
Со тоа, компанијата, како што се објаснува, сака да го изедначи работното време на пушачите и непушачите, бидејќи пушачите поминуваат многу време во текот на работниот ден на пауза.
Со оглед на тоа што пушењето е забрането во сите компании, вработените мораат да одат на „пушачка пауза“, што им дава подолги паузи од непушачите.
Затоа јапонската компанија „Piala Inc.“ реши да го продолжи одморот и на непушачите, откако еден од нив се пожали дека паузите негативно влијаат на продуктивноста и не се фер кон другите вработени.
Промената во политиката за одмор, според која непушачите ќе добијат шест дена повеќе одмор, треба да ги поттикне нашите вработени да се откажат од цигарите, изјави Хиротака Мацушима, портпарол на компанијата.
Според британски „Телеграф“, таа мерка е веќе на сила, а четворица од 42-ца вработени кои пушат веќе решиле да се откажат од цигарите во корист на дополнителните шест слободни денови.
