HomeАктуелноЌерката му донесе дополнителна среќа, Јордан Митев целосно ја освои публиката во Австралија [фото+видео]

Ќерката му донесе дополнителна среќа, Јордан Митев целосно ја освои публиката во Австралија [фото+видео]

Поминаа неколку недели откако се појавија првите фотографии од настапите на пејачот Јордан Митев во Австралија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пејачот веќе е при крај на неговата турнеја во ова далечна земја Австралија, а според она што досега можевме да го видиме од неговите објави, како и од објавите на нашите иселеници, за овие негови настапи уште долго време ќе се зборува и многумина ќе се сеќаваат на нив.

 

Пејачот својата турнеја ја започна на 13 -ти октомври со настап во Волонгонг, а истата треба да ја заврши во Перт, следниот викенд.

Но,  она по што оваа турнеја е посебна и нема никогаш да ја заборави и самиот Јордан е тоа што тој пред две недели се оствари и во улога на татко. Имено, неговата сопруга Славица, која е Македонка со потекло од Австралија, неодамна се породи и го роди нивното прво дете, и сето тоа се случи за време на неговите настапи во оваа земја.

Тие во Австралија заминаа заедно, а неговата сопруга се породи во една приватна клиника во Мелбурн.

Ова беше дополнителна мотивација за нашиот пејач да направи уште поубава атмосфера и да се дружи со публиката.

ВИДЕО

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.