HomeАктуелноЌе се замрзнуваат цените на производите ако трговците не ги поевтинат

Ќе се замрзнуваат цените на производите ако трговците не ги поевтинат

Ќе се враќа мерката замрзнување на цени. Во моментов Владата прави анализи и проверува колку трговците се однесуваат одговорно. Ако не се откажат од виските маржи и доброволно не ги поевтинат прозиводите –  непопуларната  мерка на замрзнување на цени и органичување на маржи, мора да се примени, велат од Владата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Точно е дека вакви мерки се далеку од пазарна економија, но од друга страна, мора да се работи во интерес на граѓаните наспроти монопол или дуопол. Трговците зависат од потрошувачката моќ на граѓаните, на потрошувачите, па затоа очекуваме да се однесуваат одговорно, а тоа ќе го покажат анализите по кои ќе се донесе одлука дали и во кој обем за кои производи би се донеле овие непопуларни мерки., велат од Владата .

Мерката повторно  замрзнување на цени ја најави министерот за економија, без да открие детали од кога би се применувала и за кои производи ќе важи

Во активностите кои ќе следат ќе има повторно ограничување на цени на основни прехранбени производи, изјави Бесар Дурмиши, министер за економија

Веќе е луксуз да се влезе во продавница. Парите не вредат ништо, велат од Синдикатот. Цените растат, а платите на работниците не мрдаат

Владата мора да реагира, затоа што ако остане ваквата ситуација, ќе биде многу непријатно за работниците, кои нема да можат да ги задоволат основните трошоци за живот. Потрошувачката кошница секој месец расте, платите на функционерите секоја година ќе се зголемуваат со порастот на просечната плата, а платите на работниците стагнираат. Тоа не смее да се дозволи, вели Трпе Деаноски,  ССМ

За да се заштити стандардот  на граѓаните  бараат Владата да седне со Синдикатот и заеднички да најдат  решение – како да се зголемат не само платите на функционерите, туку и на работниците, без да се подгрее инфлацијата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.