HomeАктуелноЌе се наежите, Сузана Спасовска пее песна посветена на Богородица – „За многу години празникот“

Ќе се наежите, Сузана Спасовска пее песна посветена на Богородица – „За многу години празникот“

Повеќе ѕвезди на македонската народна музика денес се огласија на социјалните мрежи, споделувајќи убави желби за празникот Воведение на Пресвета Богородица.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Наум Петрески на денешниот ден прави голема домашна слава, Благица Павловска сподели серија музички честитки (меѓу кои и честитка за славата на колегата Наум), а воедно таа денес го прославува и својот 66 роденден – да, оваа голема жена е родена на ваков голем ден.

И Сузана Спасовска која не е толку активна како Благица на социјалните мрежи, денес се огласи.

„ За многу години да е, еден од големите христијански празници, Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“, напиша таа, но тоа што следува со пораката остава без здив. Сузана ја пее песната Света Дево Владичице покажувајќи го својот ангелски глас.

Потсетуваме, на почетокот на годинава Сузана придружувана од црковниот клирос „Пелагонитиса“ објави музичкото ЦД „Терирем“ кое содржи повеќе црковни песни, а на денот на „Покров на Пресвета Богородица“ и „Св. Јован Кукузел“, се одржа и првиот духовен концерт од проектот „Терирем“, по кој следуваа и други изведби.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.