HomeАктуелно121 санкционирани возачи во Скопје, 35 за брзо возење

121 санкционирани возачи во Скопје, 35 за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (28.07.2023) СВР Скопје продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На територија на град Скопје изречени се вкупно 121 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, девет мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.