HomeАктуелноОбезбедени средства за поквалитетно водоснабдување во Охрид

Обезбедени средства за поквалитетно водоснабдување во Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска во Скопје го потпиша грант договорот со Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија за обезбедување на средства во вредност од 150.000 евра, кои ќе бидат наменети за подобрување на условите за водоснабдување во Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Договорот беше потпишан во рамки на Информативниот настан на Секретаријатот за европски прашања на македонската влада и Амбасада на Република Словенија.

Според планираното, ќе биде извршена реконструкција на пречистителна станица и набавка на нови филтри за пречистување на вода, за потребите на ЈП „Водовод“. Со овој проект ќе се овозможат посовремени услови за прочистување на водата и ќе се обезбеди поквалитетна и поздрава вода за пиење за сите жители на Општина Охрид, информираат од Општина Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.