HomeАктуелноНа две локации во Охрид поставени конструкции за собирање пластични капачиња

На две локации во Охрид поставени конструкции за собирање пластични капачиња

На две локации во Охрид поставени се специјални конструкции за собирање пластични капачиња во рамки на проектот „Секое капаче е вредно“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Едната е кај плоштад Мини Маркет, а другата пред ресторан Летница на самиот влез од чаршијата. Сите заинтересирани кои сакаат да ги донесат собраните капачиња, тоа можат да го направат на овие локации. Ги очекуваме граѓаните и компаниите од Охрид да се приклучат на иницијативата во што поголем број, информираат организаторите.

Главна цел на проектот е да се активираат граѓаните со цел да соберат што е можно повеќе пластични капачиња. Собраните капачиња ќе бидат превземени за рециклирање преку што директно се помога на подобрување на животната средина.

Хуманитарниот аспект на овој проект е насочен кон сите детски одделенија во целата држава на кои им е потребно сериозно реновирање и овозможување на подобри услови за лекување.

Кон иницијативата „Секое капаче е вредно“ се прикучи Еколошкото друштво „ЕКО-ЛАГ“ од Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.