HomeАктуелно152 санкционирани возачи во Скопје: 45 за брзо возење

152 санкционирани возачи во Скопје: 45 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (31.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), две санкции за возачи почетници…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.