HomeАктуелноГрешка со која медот го претворате во отров

Грешка со која медот го претворате во отров

Експерти од областа на здравата исхрана предупредуваат дека со медот, кој се смета за здрава намирница, никако не треба да претерувате. Според нивното мислење, младите луѓе не треба да земаат повеќе од две до три лажички мед дневно, а луѓето кои страдаат од одредени болести не повеќе од една лажица во текот на денот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Луѓето со претерана тежина и оние со дијабетес и хипертензија треба да бидат внимателни со внесувањето мед.

Нутриционистите исто така предупредуваат дека секој може да биде алергичен на мед, без разлика на возраста. Оваа намирница содржи киселини, состојки кои можат да го иритираат желудникот па прекумерната консумација на мед може да предизвика гастритис, па дури и чир.

„Не смеете да пиете мед со врела вода. Медот произведува диоксометил во врела вода, а тоа е отров. Медот треба да се разреди со вода на температура не поголема од 40 степени, односно умерено топла“, објаснува рускиот пчелар Даури Тугуш.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.