HomeАктуелноОЈО Охрид: Оформен предмет за испитување евентуални пропусти при регистрација на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“

ОЈО Охрид: Оформен предмет за испитување евентуални пропусти при регистрација на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“

Основното јавно обвинителство Охрид, по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ – Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Издадена е наредба до Централниот регистар за обезбедување на целокупната документација поврзана со регистрацијата на наведеното здружение.

Од мај годинава, по поднесена кривична пријава од една политичка партија, оформен е предмет и во Основното јавно обвинителство Битола кој се однесува на регистрацијата и функционирањето на Културниот центар „Иван (Ванчо) Михајлов“.

Постапувајќи по пријавата, надлежниот јавен обвинител издаде наредби за обезбедување докази до СВР Битола, како и барања за податоци од Централниот регистар и Министерството за правда.

извор: ОЈО Охрид

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.