HomeОХРИДОтстранети низа дефекти на водоводната мрежа

Отстранети низа дефекти на водоводната мрежа

Низа дефекти остранети минатата недела од страна на екипите на ЈП Водовод Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Екипите на ЈП Водовод Охрид, во периодот од 15-ти до 21-ви август, покрај редовните проверки и теренски активности, интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници, велат од претпријатието.

Додаваат дека отстранети биле дефекти на улиците „Никола Карев” (2 дефекти), „Ѓорче Петров”, „Христо Узунов”, „Крали Марко” бр.164, „Радојца Новичиќ“ (2 дефекти), „Дејан Војвода” бр.79, „Ванчо Питошески” ( 3 дефекти), „Васил Стефоски“, „Охридска Бригада“ бр.88, како и во населбите Чекоштина и Лагадин, но и четири дефекти во село Велгошти.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.