HomeАктуелно18-годишник уценувал малолетничка за да му прати експлицитни фотографии, па ги споделувал

18-годишник уценувал малолетничка за да му прати експлицитни фотографии, па ги споделувал

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Д.(18) од с.Љубин, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикажување на порнографски материјал на малолетник” по член 193 и кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија” по член 193-А од Кривичниот законик, соопшти МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во текот на јануари 2023 година, пријавениот уценил малолетничка да му прати фотографии со експлицитна содржина за да не каже на нејзините родители за нивната љубовна врска. А откако му ги пратила сликите, тој ги препратил на нејзините најблиски и на соучениците.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.