HomeАктуелно19 годишен дилер со нож повредил полицаец при апсење

19 годишен дилер со нож повредил полицаец при апсење

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истрага против 19-годишник осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции од член 215 став 1, но и Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 25 март, при личен претрес на осомничениот пред станбената зграда во која живеел, полицијата пронашла околу 10 грама марихуана која претходно ја набавил од непознато лице, ја спакувал во седум помали пакувања и ја наменил за натамошна продажба. Додека му бил вршен претресот, тој од џебот извадил нож и им се заканил на полициските службеници, а со дршката од ножот удрил еден од полицајците, нанесувајќи му телесна повреда.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, а Основниот суд во Куманово го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.