HomeАктуелно200 санкционирани возачи во Скопје, 50 за брзо возење

200 санкционирани возачи во Скопје, 50 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 200 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкција за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три санкции за возење под дејство на алкохол.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Изречени се седум мерки за користење на мобилен телефон при возење и седум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.