Home2022јули (Page 45)

На 19.07.2022 во 17.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода С.Ш.(38) и Д.Ш.(36), двајцата од Штип. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени саксија со засадено растение канабис, исушени листови од растението канабис, дробилка,

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески во својство на копретседавач на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), утре и задутре во Охрид ќе биде домаќин на членовите на Управниот одбор на КИФ, асоцијација на шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан. Во рамки на дводневната посета, како

Започнаа подготвителните активности за асфалтирање на улиците „28 Април” и „Веле Марко”, информира градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. Денеска се врши гребење на стариот асфалт, тампонирање и нивелирање на шахти. После завршување на овие активности следува поставување на нов слој асфалт, додава Пецаков.

Светата Православна црква денес го одбележува поменот на Светата Великомаченица Недела.  Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и бездетни. Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа Света

Започнува ново поглавје од македонската историја. Република Северна Македонија ги започнува преговорите за членство во Европската унија. По 17 години, конечно и повеќе од заслужено ги започнуваме преговорите со ЕУ. Европската унија со одржувањето на првата меѓувладина конференција во Брисел ја отвори врата за нашата држава. Веднаш по

– Со одржувањето на првата Меѓувладина конференција и почетокот на скрининг процесот, Северна Македонија вчера по 17 години чекање го направи првиот чекор на пристапување кон Европската Унија. На Меѓувладината конференција во Брисел присуствуваше владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, кој отварачката изјава ја прочита

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност и за европски прашања. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата по скратена постапка е единствената точка на дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност. Членовите на Комисијата за европски прашања

– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и в.д. амбасадорот на Делегацијата на ЕУ Џулијан Васало денеска ќе го означат почетокот на градежните работи за малиот систем за наводнување во селото Теарце. Николовски и Васало ќе бидат придружувани од градоначалникот Нухи Незири. Како што соопшти

– На граничниот премин Табановце утринава за влез во земјава се чека околу 40 до 60 минути, а на граничниот премин Богородица околу 20 до 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Драмски театар Скопје со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ денеска ќе учествува на 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“ што се одржува од 12 јули до 20 август. Претставата, работена според романот на Марк Хадон, својата премиера ја имаше на крај на минатата година.