HomeАктуелно67-годишен охриѓанец почина во сообраќајна несреќа со мопед на улицата „15 Корпус“

67-годишен охриѓанец почина во сообраќајна несреќа со мопед на улицата „15 Корпус“

На 17.09.2026 околу 11:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„15 Корпус“ во Охрид, 67-годишно лице  од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Од здобиените повреди,  починал на местото на несреќата, а лекар од Итната медицинска помош констатирала смрт.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Охрид, информираат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.