Во железничка несреќа во Египет загинаа две лица, 16 се повредени
Најмалку две лица загинаа, а 16 се повредени откако патнички воз излета од шините северно од Каиро, соопштија египетските власти. Возот излетал од шините додека минувал низ станицата Каљубу на пат кон градот Менуф во делтата на Нил, се наведува во соопштението на државното обвинителство.
