Силен земјотрес во Албанија
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Албанија. Епицентарот е регистриран на длабочина од пет километри, на 95 километри од градот Елбасан. Земјотресот бил почувствуван низ државата три часа по полноќ. Засега нема информации за евентуална материјална штета.
