Црковно-државна делегација присуствуваше на утрената богослужба во храмот на Воскресението во Ерусалим
Со благослов на неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан црковно-државна делегација престојува во Ерусалим. Во вечерните часови, кога го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господа Бога и Спасителот наш Исус Христос, во храмот на Воскресението беше отслужена Утрена богослужба на којашто беа
