Home2023април (Page 60)

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија Петра Дрекслер. Таа доаѓа на местото на Анке Холштајн, која ја извршуваше функцијата амбасадорка на Република Германија во Скопје од 2020 година.

На 04.04.2023 во периодот од 12 до 18 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 89 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-17, Струга-55, Кичево-13, Дебар-04., велат од СВР Охрид.

На 04.04.2023 во 18.35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар на трска во крајбрежниот езерски појас во близина на охридското село Подмољје. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид, велат од СВР Охрид.

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Соговорниците разменија мислења и информации за актуелните состојби во Европа, при што претседателот Пендаровски го запозна хрватскиот премиер со случувањата во врска со

Обраќање на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски Добар ден, Почитувани граѓани, почитувани, медиуми, почитувани партиски другари и другарки од СДСМ. СДСМ е државничка партија којашто заедно со граѓаните успеа во тешки моменти за земјата да ја одржи економијата и напредокот по вистинскиот, по европскиот пат. Најтешкото е зад нас

Денеска (05.04.2023 година) во СВР Охрид, пријавено e дека во 02.40 часот, во Општата болница во Охрид, со повреди бил донесен  А.Ј. од Охрид. Според пријавеното, тој бил повреден при физички напад со остар предмет во угостителски објект во Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на

На 04.04.2023 во 21.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Мајка Тереза“ во Скопје, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(49) од Скопје удрило во малолетничка од Гевгелија. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот

На 04.04.2023 во СВР Битола било пријавено дека во с.Драгожани, битолско, била пронајдена артилериска граната со калибар 75 мм. од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Измама согласно член 247 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничената, во периодот од март 2022 до март

Согласно законските измени на Законот за даноците на имот („Сл. весник на РМ“ бр.61/04…151/21), којшто започна да се применува од 01.01.2022 година, Општина Охрид ги повикува сите физички и правни лица кои поседуваат недвижен имот на територијата на општината најдоцна до 30.04.2023 година, да го достават следното: