Времето денес претпладне ќе биде сончево, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето во земјава претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе
