Километарски колони и застој утрово за влез во Грција, ни шест ленти не се доволни
Двојно поголеми гужви на граничниот премин „Богородица“ за излез од Македонија има од рано утринава. За разлика од вчера, кога имаше само три колони со возила, утринава се отворени шест ленти и пунктови, но гужвите за чекање се километарски. Еден од пунктовите е само за автобуси.
