HomeАктуелноНовоизбраните јавни обвинители во Основните обвинителства потпишаа свечена изјава

Новоизбраните јавни обвинители во Основните обвинителства потпишаа свечена изјава

Во Советот на јавни обвинители седдуммина кандидати од три Основни јавни обвинителства денеска потпишаа свечена изјава со која официјално започнуваат со работа во обвинителствата каде што се делегирани.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За во Основното јавно обвинителство Скопје свечена изјава потпишаа обвинителите Зоран Здравев, Ирина Спасовска, Емилија Мизо Димков, Фатмир Муса и Ајбејан Ајдини.

Додека, во Основно јавно обвинителство Гостивар за обвинителка беше избрана кандидатката Елизабета Јосифовска, а во ОЈО Кавадарци, Елена Манчева Костова, единствени пријавени кандидати на соодветните огласи за двете обвинителства.

Во Советот денеска треба да бидат потпишани и свечените изјави на обвинителите кои што беа избрани за Обвинителството на Република Северна Македонија, Вишото јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.