ТАЖНА ВЕСТ: Почина актерката Катина Иванова
На 72 годишна возраст почина актерката Катина Иванова, која повеќе од четири децении беше дел од Македонскиот народен театар. „Со огромно жалење ја споделуваме веста за заминувањето на големата Катина Иванова. Беше мајстор на сценска интерпретација, со истакнат сценски говор, и посебно специфичен и топол сензибилитет.
