Пожар во пилана во Дебрца
На 05.08.2023 година во 06.29 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во пилана лоцирана во Ново село, општина Дебрца, настанал пожар. Повредени лица нема, интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид а увид извршија јавен обвинител и полициски екипи, информираат од СВР Охрид. Е.Р
