Home2025јули (Page 9)

Денеска се исплатија 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, извести Министерството за земјоделство Од таму најавуваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка.

Oд Кабинетот на претседателот на Собранието информира дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денес поднесе оставка од нејзината функција. Димитровска е обвинета во предметот „Адитив“ за одавање државна тајна.  Според обвинението, од мај до декември 2024 година на неповикано лице

Изминатата вечер (24/25.07.2025) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во посета на терен на полициските службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје за време на спроведувањето на засилена сообраќајна контрола по Оперативната акција "Безбеден сообраќај". Сообраќајната контрола беше спроведена во

Во моментов, на лице место се ангажирани припадници на МВР, специјалната единица „Волци“ на Армијата, како и припадници од Полициската станица Велес, со цел продолжување на потрагата, информираат од ЦУК. Акцијата се одвива во координација и со зголемено присуство на терен.

Оваа света и чудотворна икона на Пресвета Богородица најпрвин му припаѓаше на свети Јован Дамаскин, кој живееше во VIII век по Христа. Во тоа време, Дамаск беше дел од исламската држава - Омејадскиот калифат, а Јован беше службеник кај калифот. Кога во соседното христијанско Источно

Линерано покачување на пензиите, ваучери за ит опрема на студентите и финансиска поддршка на инвестициите се трите владини мерки што денеска ќе го поминат и собранискиот филтер.

Владејачкото мнозинство вели дека ова е реализација на изборните ветувања за повисок стандард на граѓаните.

Ќе го изгласаме законот за дури 55.000 студенти да добијат 250 евра, неповратни средства, кои што ќе може да ги искористат за купување на таблет или лаптоп. Реформа која покрај тоа што ќе влијае врз по квалитетен и современ образовен процес, ќе придонесе кон зголемена еднаквост помеѓу студентите, како и кон поголема дигитализацијата на образовниот процес.

Опозциската СДСМ пак, обвинува дека линеарното покачување на пензиите е измама од која највозрасната популација ќе биде оштетена бидејки не се примеува законската методологија на пораст на пензиите според порастот на инфлацијата.

 Според нашите точни пресметки, огромни 92,5% од пензионерите, односно над 318.000 луѓе, се оштетени со ова линеарно зголемување и ќе земаат помалку од тоа што им следува по закон. Само 7,5% од вкупниот број на пензионери ќе добијат нешто и тоа помалку од заслуженото. Дополнително, следното усогласување во март 2026 ќе се пресметува на помала основица

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици 112 беше примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско. Пријавата била поднесена од лице присутно на местото на настанот –

Со среќен крај заврши потрагата по младата прилепчанка Биљана Јандреска Андоноска, која беше исчезната повеќе од 24 часа, па врз основа на тоа случајот беше пријавен во МВР, а интензивно по неа трагаше и нејзиното семејство, кое вечерва соопшти убава вест, а тоа е дека

Голем пожар избувна попладнево кај селото Перово на брегот на Преспанското Езеро, информира Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во видео-обраќање до медиумите рече дека е на пат кон Преспа, посочувајќи дека овој пожар, освен за селото Перово, претставуваше опасност и за

Преку програмата Општинско-корисна работа, од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, 300 невработени лица добиваат можност за работен ангажман од 18 месеци со месечен бруто надомест од 28.000 денари, вклучувајќи осигурување и данок. Ќе обезбедуваат социјални и здравствени услуги на локално ниво.