Home2025јули (Page 23)

Под ѕвезденото небо на Античкиот театар, Охрид вчеравечер повторно го отвори својот прозорец кон уметноста со почетокот на јубилејното, 65. издание на еден од најреномираните културни настани во земјава – фестивалот „Охридско лето“. Свеченото отворање го одбележа извонредна концертна изведба на светски признатата американска пијанистка Клер

Во рамки на традиционалната Галичка свадба денеска ќе се одржи венчавката на овогодинешните младенци Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски. Нивната венчавка што ќе се одржи во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник, со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди, е и централен

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер го отвори годинешното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“. Во своето обраќање, таа ја истакна вредноста на уметноста како сила што му дава смисла на човечкото постоење. Во време на глобални и лични страдања, уметноста е таа што нè потсетува на убавината и

Македонија е повторно потресена од трагичен настан – тројца загинати, меѓу кои и малолетно дете, во семејна драма која заврши со самоубиство на сторителот. Според првичните информации, убиецот е вујко на едно од убиените лица. Тој наводно најавил што ќе направи преку објава на социјалната мрежа

Во Римокатоличката црква Павловден се слави на 29 јуни, заедно со Петровден. Во православието, неговото дело се почитува на иста дата според јулијанскиот календар, или 13 јули според грегоријанскиот календар. Павловден во нашата земја жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на

Според неофицијални информации, на една локација во земјава се одвива драматична ситуација – вооружено лице наводно држи неколку лица во заложништво. На терен се распоредени голем број полициски сили, а атмосферата е крајно напната. Иако сè уште нема официјална потврда, се шпекулира дека сторителот претходно извршил

Министерството за внатрешни работи информира дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка изготвена од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), донесена е одлука за определување 24-часовни мерки за обезбедување на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Градоначалничката во текот

На 11.07.2025 во 17.50 часот, во селото Песочани, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија Н.Н.(27) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се пиштол „таурус", калибар 9 милиметри, пушка „маверик", калибар 12 милиметри, 198 куршуми

На автопатот Кичево-Охрид се прават последните подготовки за пуштање во употреба на делницата од Врбјани кон Охрид во должина од околу 40 километри, со прекин кај Ботун, откри за весникот Вечер директорот на ЈП за Државни патишта Коце Трајановски. Тој додава дека граѓаните и туристите кои

Денеска беше пуштена во употреба целосно санираната поставка на Музејот на вода во Охрид, еден од најпрепознатливите археолошки локалитети на Балканот. На свеченоста присуствуваа високи државни и локални функционери, меѓу кои и претставници од Владата, Министерството за култура, Министерството за транспорт и врски, како и