Во овој град вода од чешмите тече заматена, граѓаните паничат, никако да не се пие
Жителите на Струга од вчера попладне се соочуваат со сериозен дефект во водоснабдувањето. Од чешмите тече темно кафеава вода, што ги принуди надлежните институции да воведат целосна забрана за нејзино користење. Изворот Шум, кој е главна точка за снабдување на градот, е целосно заматен, објави 4news.mk
