HomeАктуелно22 годишно момче почина откако изгубил контрола над тракторот и се превртел

22 годишно момче почина откако изгубил контрола над тракторот и се превртел

На 10.09.2023 околу 13.50 часот во тетовската Клиничка болница бил донесен починат Ф.М.(22) од тетовски Порој. Според утврденото во увидот, Ф.М. со уште четири други лица од истото село се превезувале со трактор „имт 539“ со тетовски регистарски ознаки, што тој го управувал.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На земјен пат во месноста „Плоче“ во атарот на Порој, тој изгубил контрола, по што тракторот се превртел, а од здобиените повреди Ф.М. починал на местото, а со повреди се здобил и еден малолетник кој, исто така, бил на тракторот.

Увид извршиле екипа од СВР Тетово и јавен обвинител, по чија наредба телото на Ф.М. било дадено на обдукција, соопшти МВР во денешниот билтен.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.