Работниците нема да имаат договор за вработување, нема да можат да подигнат кредит, нема да имаат никаква гаранција.
Со овие зборови претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов ги опиша промените кои ќе ги донесат најавите за носење Предлог законот за работно ангажирање лица за вршење работи од привремена и повремена природа за одредени дејности.
Тој рече дека новото законско решение ќе донесе и по 2500 денари помалку на платите на работниците од март оваа година.
Наша критика е тоа што не сме вклучени во процесот. Синдикатите не се вклучени во донесувањето на овој закон иако имаме сериозни забелешки, кои ги доставивме до сите координатори на пратеничките групи. Жалиме што се обидуваат на ваков начин на крајот на мандатот да протнат законско решение, кое ќе ги чини вработените во јавниот сектор, односно сите оние работници на кои се однесува законот за административни службеници, 2.500 денари помалку на нивната плата од март 2024 година. и сметаме дека тоа ќе биде поразително, вели претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.
