HomeАктуелно„Патување кон корените“ во Охрид: Проекција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

„Патување кон корените“ во Охрид: Проекција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, утре, 24 септември, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи културниот настан „Патување кон корените“, во авторство на режисерот Петро Алексовски од Полска.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Настанот се реализира во организација на Полската амбасада во Македонија и НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, а влезот за посетителите е бесплатен.

Програмата предвидува обраќања на претставник на Полската амбасада, претставник на Општина Охрид и авторот на проектот, режисерот Петро Алексовски.

Централно место во програмата ќе има проекцијата на документарниот филм „Македонецот“, создаден според вистинската животна приказна на таткото на режисерот, Мито Алексовски – дете-бегалец од Егејска Македонија. Филмот претставува емотивно сведоштво за судбините на луѓето кои биле принудени да ги напуштат своите домови, истовремено отворајќи прашања за идентитетот, сеќавањето и припадноста.

Во рамки на настанот ќе биде поставена и изложбата „Мајко мила“, која дополнително ќе ја надополни тематиката посветена на корените, семејната меморија и животните приказни поврзани со македонското иселеништво и историските миграции.

Организаторите ги покануваат сите љубители на културата, историјата и документарниот филм да присуствуваат на оваа вечер посветена на личните и колективните спомени, како и на трагањето по сопствените корени.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.