HomeАктуелно329 санкционирани возачи во Скопје, 81 за брзо возење

329 санкционирани возачи во Скопје, 81 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На територија на град Скопје изречени се вкупно 329 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 81 санкција, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 22 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.

Изречени се 18 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за нерегистрирани возила, 10 санкции за некористење сигурносен појас… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.