HomeАктуелноНова „борба“ за побрз влез во Грција – гужва на преминот „Богородица“, километарски колони за излез од Македонија

Нова „борба“ за побрз влез во Грција – гужва на преминот „Богородица“, километарски колони за излез од Македонија

За продолжениот викенд повторно многу македонски граѓани заминаа кон Грција, кој на едноневна прошетка и шопинг, а други пак, ќе ги искористат трите празнични денови за кус одмор. Од утрово интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат одд АМСМ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранини премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Но, информацијата за чекање од половина час се однесува само за преминот од македонска страна. Колони возила во неколку редици има на најфреквентниот премин за влез во Грција, а изутрината по 7 часот имало и подолги чекања.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.